„Ауди А3“ автомобил на годината за 2014

„Ауди А3“ е Светски автомобил на годината за 2014 –та година. Ова е втора севкупна победа за „ауди“ во десетгодишната историја на овие награди. Моделот „ауди А6“ ја освои титулата во 2005 година.

„Ауди А3“ ја освои титулата во натпревар со други 23 автомобили. За победник беше прогласен од страна на меѓународно жири составено од 69 врвни автомобилски новинари од 22 земји од целиот свет.

Новиот „ауди“ е достапен во повеќе варијанти – како автомобил со три врати, како автомобил со пет врати познат под името „А3 Спортбек“, „А3 Кабриолет“ и „А3 Лимузина“.

Да се потсетиме на 16 годишната успешна приказна на „ауди“ поврзана со моделот А3. Во 1996 година, беше произведена првата генерација од моделот, со што за прв пат на пазарот се појави нов сегмент – премиум компактна класа. Втората генерација започна да се произведува во 2003, а „ауди“ го прошири А3 семејството со Кабриолет изведба која што беше дополнување на A3 и на A3 Спортбек. Третата генерација А3, со новата А3 лимузина, веќе е достапна во четири варијанти.

Со последната победа на A3, „ауди“ ја задржа својата позиција како производител со најмногу титули од наградите „Светски автомобил на годината“. Брендот со четири прстени претходно има освоено три титули Светски Перформанси на годината, две титули Светски Дизајн на годината и две титули Светски Автомобил на Година. Севкупно „ауди“ досега има освоено седум титули од наградите Светски автомобил на годината.

2005 „ ауди А6“ Светски автомобил на годината
2007 „ауди РС4“ Светски перформанси на годината
2007 „ауди ТТ“ Светски дизајн на годината
2008 „ауди Р8“Светски перформанси на годината
2008 „ауди Р8“ Светски дизајн на годината
2010 „ауди Р8 В10“ Светски перформанси на годината
2014 „ауди А3“ Светски автомобил на годината