И во автомобилите на „Ауди“ има манипулирачки софтвер

„Фолксваген“ тврдеше дека скандалот со емисиите е ограничен само на неговите дволитарски дизел мотори и ги отфрли сомневањата поврзани со поголемите мотори, произведени од „Ауди“. Моторите што беа засегнати од аферата „дизелгејт“ на „Фолксваген“, сепак, биле употребени во некои од моделите на компанијата ќерка.

„Фолксваген“ тврдеше дека скандалот со емисиите е ограничен само на неговите дволитарски дизел мотори
„Фолксваген“ тврдеше дека скандалот со емисиите е ограничен само на неговите дволитарски дизел мотори

„Ауди“ признава дека првично не ги информирала американските власти за програмите во трилитарските мотори, но тврди дека целта на софтверот не била да манипулира со емисиите на издувни гасови.

Според портпаролот на компанијата, возилата со овие мотори не можат да разликуваат дали се движат по пат или се во режим на тестирање, што софтверот на „Фолксваген“ може да го прави незаконски.