„Ауди“ заринка во коритото на Серава (ВИДЕО+ФОТО)

На фејсбук страницата „Ѕид на сообраќајниот срам“, утрово беа споделени видеа на кои се гледа како автомобил излетал од пат и паднал во коритото на реката Серава, во населба Радишани.

Автомобилот подоцна е изваден од Влечна служба.

Според полициски информации, возачот С.Б. (30) од Скопје, синоќа околу 50 минути по полноќ, се движел во рикверц по земјена пристапна улица која ја поврзува улицата „Бетовенова“ со булеварот „Македонско косовска бригада“.  При движењето, автомобилот марка „ауди“ со странски регистарски таблички, паднал во речното корито на Серава.

Возачот се здобил со телесни повреди, а полицијата извршила увид на местото на настанот.