Аудиција на МОБ за талентирани учесници во мјузиклот „Тајно моја“ во чест на Тоше

Македонската опера и балет повикува талентирани изведувачи да бидат дел од премиерата на мјузиклот „Тајно моја“ во чест на Тоше Проески.

– Пријавете се и бидете дел од големото Балканско талент шоу, кое ќе ги донесе најталентираните кандидати на сцената на Македонската опера и балет. Бидете дел од премиерната изведба на мјузиклот „Тајно моја“ во чест на Тоше Проески. Покажете ги вашите музички, актерски и танцувачки способности, соопшти МОБ.

Заинтересираните кандидати треба да пратат податоци (име,  презиме, фотографија, години на раѓање и место на живеење) на електронската пошта: tajnomoja@mob.com.mk најдоцна до 15 ноември 2016 година. За дополнителни информации може да се јават на телефонскиот број  077/  729-449.