Аудиција за детскиот фестивал „Поточиња“

Започнуваат подготовките за новото, 14-то по ред издание на реномираниот детски фестивал „Поточиња“ 2017. Како и во изминатите години, така и оваа година, организаторот Пап Продукција – Поточиња ги повикува сите заинтересирани деца да се пријават на аудицијата за нови членови – учесници на „Поточиња“.

Аудициите се за деца на возраст од 5 – 12 години и истите ќе се одржат од 14ти – 16ти септември 2016 во градинката „Срничка“ (објект Бамби) и од 19ти – 21ви септември 2016, во ООУ „Јан Амос Коменски“ од 18:00 до 19:00 часот.

Сите заинтересирани за повеќе информации можат да се обратат на produkcijapap@gmail.com како и на телефонскиот број 072 210 660.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.