Магазин

Аудио книги од домашни и светски автори

Аудио книги од домашни и светски автори

Троика Студио и издавачот „Галерија 8“ почнуваат со проектот „Аудио книги од домашни и светски автори“. Создаваме импозантен аудио фонд на книги кој има за цел не само да ги задоволи основните и неопходни наслови, туку да биде во тек со светските и домашни наслови и автори. Целта е светските текови и трендови на пишаниот збор да бидат достапни веднаш по објавувањето, преведувањето на македонски, на обично, визуелно писмо, велат издавачите.

Аудио книгите се наменети за сите што немаат време да седнат и да ги прочитаат своите омилени автори, но посебно за слепите и слабовидни лица. По терк на светските искуства, делата ќе може да се слушаат во автомобил, при рекреација или за време на одмор и работа во домот.

Проектот стартува со аудио изданието „Идиотски приказни“ на младата македонска авторка Ксенија Николова што ќе биде промовирано денеска. Актерската изведба е на Гордана Ендровска и Анастас Тановски.

МИА