АУДИО: Последните мигови во „Ербасот“ пред несреќата

Аудиоснимка која за се тврди дека е дел од урнатиот авион на „Џерманвингс“, беше објавена на интернет од „НТВ.ру“.

Засега нема официјална потврда дали станува збор за автентична снимка, но на неа се слуша бучава на мотори, плач на патници, чести тапи удари и звук на системи за сигнализација.

Потсетуваме дека авионот на компанијата „Џерманвингс“, летал на релација Барселона – Дизелдорф, и се урна на француските Алпи на 24 март.

Се смета дека авионската несреќа директно ја предизвикал копилотот – 28-годишниот Андреас Лубиц.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.