Аукциска изложба од конкурсот за млади уметници

Во Културниот центар „Мала станица” вечер ќе биде отворена аукциска изложба од конкурсот за млади уметници (Young Art 2015).

На изложбата, која е во организација на Агенцијата за млади и спорт,  ќе бидат претставени дела од младите талентирани визуелни уметници кои се натпреваруваа во пет дисциплини: сликарство, графика, скулптура, фотографија и графички дизајн.