Аутодеск Македонија наскоро во соработка со представници од австралистка А2К Technologies

Македонската компанија Аутодеск Македонија наскоро ќе оствари соработка со една од водечките компании за индустриски решенија, обука, консалтинг и менаџмент на фирми специјализирани за дизајн, австралиската А2К Technologies. Соработката има за цел зголемување на квалитетот на обуката за софтверите на Аутодеск САД.

Двете компании во моментов водат разговори за идната соработка која би требало да резултира со заедничка презентација на летен камп во Охрид.

„Соработката со А2К Technologies дојде како предлог на поединци од двете страни со интензивните разговори и размена на искуства. Во летниот период се планира организирање и спроведување на летен камп во Охрид. На тој летен камп свое место би завзеле двете компании со презентирање на искуства пред студентите и оние кои би го изучувале софтверот на Аутодеск САД“, велат од Аутодеск Македонија.

Оттаму додаваат дека ова е прв пат предавачи од странски тренинг центар да се интересира за соработка во Македонија истакнувајќи дека оваа соработка ќе го зголеми квалитетот на обуката за софтверите на Аутодеск.

„Секако дека искуствата од Австралија, Кина и Нов Зеланд се добредојдени и со оваа соработка покажуваме кои сме и како ја зголемуваме идејата за квалитетна и несомнено актуелна обука.По водените разговори со Жарко Грнчаревски македонец кои има огромно искуство во оваа област и неговата несебична поддршка Аутодеск Македонија ќе спроведе низа активности во размена на програми и идеи за  Македонија да ги следи современите светски трендови“, велат од македонската компанија.

Грнчаревски, инаку родум од Битола, а живее и работи во Австралија, е вработен во А2К Technologies како технички консултант и инструктор по курсевите за AutoCAD, а софтверот Invertor Professional е негова специјалност.

Аутодеска Македонија е лиценциран тренинг центар од Аутодеск САД за софтверите 3DS Max, Maya, Mudbox, Motionbuilder.Курсевите за овие софтвери се одржуваат во Скопје, Битола и Штип. Две години наназад се организира и летна школа во Охрид.

А2К Technologies  е компанијата со мултимилонски приходи, повеќе од 150 вработени во Австралија, Нов Зеланд и Кина и најголем препродавач на софтверите на Аутодеск во Австралија, а истовремено на јужната полутопка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.