Авантурата на Трајковски во Работнички траеше кратко

Трајковски продолжува во Аполон од Грција

Оваа информација ја објави порталот “Еуробаскет”, според кој крилниот центар веќе ги договорил сите детали од соработката и веќе за следниот натпревар ќе му биде на располагање на стручниот штаб на Аполон.

Трајковски настапи во првото коло за тимот на Работнички, со кој почна да тренира една седмица пред почетокот на македонскиот шампионат.

Уште тогаш беше ставено до знаење дека станува збор за “отворен договор”, односно дека во случај на ангажман во странство тој може да си замине без никаква отштета. Репрезентативецот не криеше дека преговара за ангажман надвор од границите на нашата земја, по што веднаш по потписот на договорот со Аполон си замина од “Градски парк”.

Тој го мина првиот дел од ланската сезона во полскиот прволигаш Енерга Чарни, по што се пресели во редовите на Сигал Приштина, тим со кој триумфираше во БИБЛ-лигата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.