ВИДЕО/ФОТО: Бомбашки напад во авганистанскиот парламент

Силна експлозија денеска го потресе парламентот во авганистанскиот главен град Кабул за време на седница.

По експлозијата следела пукотница во која се повредени 18 цивили, изјави портпаролот на министерството за здравство Мохамад Исмаил Кахуси, пренесе Танјуг.

Државната телевизија ги емитуваше во живо случувањата од пред зградата на парламентот во западниот дел на Кабул, кога се случила експлозијата и пратениците почнале на брзина да ја напуштаат зградата, пренесува Танјуг.

Авганистан: Во бомбашки напад на Парламентот повредени 18 цивили
Авганистан: Во бомбашки напад на Парламентот повредени 18 цивили

– Тоа беше силна експлозија од која се искршија прозорците на зградата. Ние сега сме на сигурно, потврди пратеникот Шукри Барекзаи.

Според друг пратеник, експлозијата се случила кратко по пристигнувањето на Масун Станекзаи. Агенцијата АП пренесува дека е потврдено оти Станекзаи е новиот министер за одбрана.

Инаку речиси девет месеци министерското столче за министерот за одбрана во Афганистан беше празно.

Портпаролот на министерството за внатрешни работи Седик Седики изјави дека нападот почнал во автомобил бомба, кој експлодирал во близина на влезот на зградата, по што вооружени напаѓачи се обиделе да извршат упад, но биле потиснати од безбедносните сили во објект во изградба во близина на парламентот.

Авганистан: Во бомбашки напад на Парламентот повредени 18 цивили
Авганистан: Во бомбашки напад на Парламентот повредени 18 цивили

Полицијата го опколи местото во кое се засолниле напаѓачите.

Седики потврди дека талибанците преземале одговорност за самоубиствениот бомбашки напад пред парламентот.

фото: guardian.co.uk