Авганистан: Талибанците во офанзива по територија!

Најмалку сто бунтовници загинаа во последните пет денови во судирите со авганистанските сили за четири контролни пуктови во југоисточниот дел од земјата, каде талибанците почнаа голема офанзива за да ја вратат загубената територија.

Како што соопштија претставници на провинцијата Хелманд во офанзивата учествуваат повеќе од 800 талибанци.

За петдневните судири во областа Сангин загинаа 35 цивили и 21 авганистански војник, а најмалку 2.000 семејства се раселени.