Авганистанците и Сомалијците се степале пред возот да прегази четиринаесетмина од нив

Групата мигранти од Авганистан, одејќи пеш низ Македонија, налетале на група Сомалијци и одеднаш почнаа да се тепаат меѓусебно. Во тепачката тие не забележаа дека на пругата наближува воз, а го слушнаа дури кога беше предоцна, односно на неколку метри од нив. Ова е сведочењето на Махди Мохаби, седумнаесетгодишник од Авганистан, чиј брат загинал во трагедијата што се случи на 23 април во близина на Велес во Македонија кога загинаа 14 илегалци, пренесува весникот „Дневник“.

„Дневник“ пишува дека ваквото сведочење на мигрантот, кој сега се вратил во Грција, фрла ново светло за трагедијата што одекна во сите европски медиуми. Оваа верзија тој ја кажал на претставници на авганистанската заедница во Грција, кои истражувале што се случило на местото и каде се жртвите од трагедијата.

Првично се претпоставуваше дека мигрантите седнале да одморат и да јадат на пругата, а не дека дошло до меѓусебна тепачка пред инцидентот. Во трагедијата загинаа 13 мигранти од Авганистан и еден од Сомалија. Повеќето од нив подолго време престојувале во Грција, но одлучиле преку Македонија да го продолжат патот кон Западна Европа.

За сите неволји со кои што се соочуваат мигрантите додека од Грција, преку Македонија се обидуваат да пристигнат до Западна Европа прочитајте повеќе во Дневник.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.