Авганистанската војска ја освои Тора Бора

Авганистанските безбедносни сили ја преземаа контролата врз Тора Бора од радикалната сунитска организација Исламска држава којашто ова клучно талибанско упориште на истокот од оваа централноазиска земја и некогашно утврдување на водачот на Ал Каеда, Осама бин Ладен, го преземаа пред пет дена, потврдија во понеделникот безбедносни функционери.

Борците на Исламската држава го преземаа долгиот тунел и комплексот од пештери во покраината Нангахар од своите ривалски талибански борци пред пет дена. Оваа мрежа од тунели некогаш служела како засолниште на Ал Каеда и на Осама бин Ладен кој по америакнското бомбардирање и инвазијата од 2001 година чија цел беше неговата ликвидација пребега во соседен Пакистан.

„Областа Тора Бора во округот Пачигаран е целосно чиста од Исламската држава. Авганистанските безбедносни сили се искачија на највисокиот врв од црните планини на Тора Бора и го расчистија подрачјето“, се наедува во соопштенеито на гувернерот на покраината Нангахар.

Авганистанската војска во моментов напредува кон селата Алиф Кел и Меркани, дополнително потиснувајќи ги борците на Исламската држава. Американските и авганистанските сили се борат против овие џихадисти од јануари 2015 година, кога се појавија во покраината Нангахар.

Американската авијација во април ја фрли својата најмасивна ненуклеарна бомба врз тунелот кој го користеше Исламската држава, кога според објавата на авганистанското министерство за одбрана загинале 90 милитантни.