Авганистанските бегалци кои не добиле азил ќе се вратат во својата држава

Авганистанците бегалци кои не добиле азил ќе се вратат во својата држава
Авганистанците бегалци кои не добиле азил ќе се вратат во својата држава

Претставник на авганистанските власти изјави дека тие ќе ги примат назад сите авганистански граѓани депортирани од Германија.

Заменик портпаролот на авганистанскиот претседател, Зафар Хашеми, изјави дека како држава од Женевската конвенција, Авганистан е должен да ги прифати назад сите свои граѓани чии молби за азил се отфрлени.

Тој прецизира дека претседателот Ашраф Гани и германскиот канцелар Ангела Меркел неодамна зборувале за тоа прашање. Според официјални податоци, од почетокот на годната 120.000 Авганистанци ја напуштиле државата.