Авгтоматизирана паркинг наплата на аеродромот „Александар Велики“

На аеродромот „Александар Велики“  од вторник, 19 мај, ќе се воведе автоматизирано плаќање паркинг.

За оваа цел, „ТАВ Македонија“ постави три паркинг-машини, од кои две на самиот паркинг-простор и една паркинг-машина во терминалната зграда, во салата за пристигнувања.

-Автоматизираното плаќање паркинг го воведуваме со цел поедноставување на паркинг-услугите за нашите ценети патници, како и модернизација на процесите на работење во рамки на компанијата, велат од „ТАВ Македонија“, компанијата која оперира со македонските аеродроми.

Оттаму потенцираат дека цените на паркинг-услугите на скопскиот аеродром остануваат исти како и досега.

Во првите денови од воведувањето на услугата вработени на „ТАВ Македонија“ ќе стојат во близина на паркинг-машините, со цел доколку има потреба да им помагаат на патниците во процесот на плаќање.

Автоматизираното плаќање на „Александар Велики“ ќе може да се прави и во готово и со платежни картички, исклучиво во денари.