Авијатичар ја објаснува мистеријата за исчезнувањето на малезискиот авион

И по 10 месеци, од потрагата по малезискиот авион кој мистериозно исчезна, се’ уште нема никаква трага, ниту наговестува дека исчезнувањето на авионот наскоро ќе се реши.

Странските медиуми до денес објавуваа различни теории на завера. Повеќето од нив укажуваа дека се работи за намерно исклучување на системот на авионите и повеќемесечна подготовка за диверзија. Оваа теорија ја поткрепи и зборувањата за разликите во притисокот во кабините и слетувањето на авионот на некое скриено место, кое наводно го спровел пилотот со помош на мал број од екипжот.

Во разговор со српскиот портал „Телеграф“, в.д. директорот на ЈАТ, Мирослав Мусулина, кој е дипломиран инжењер по воздухопловство, зборува за тоа што би можело да се случи со авионот, патниците и екипажот и колку всушност авионите се безбедно превозно средство.

mal

Кои видови на комуникација постојат во секој патнички авион?

– Во авионот постојат различни коминикациски и навигациони ситем, кои овозможуваат во секој момент да се знае каде е авионот, каква е неговата положба, висината и времето. Како пример ги наведувам „VHF“,  комуникационите и навигационите системи, „TCAS“ уредите за спречување на судири на авионот во воздух, „ATC“ – транспондер преку кој се контролира летот и во секој момент ги гледа основните карактеристики на авионот, како и многу други системи. Тука ќе го наведам и „I ACARS SYSTEM“, со чија помош се праќаат кратки пораки преку сателит или „VHF“ радио.

Боингот 777 исчезна на 8 март, а до денеска не е пронајдена ниту трга. Што би можело да се случи во авионот, за да дојде до авионската мистерија која го потресе светот?

– Во денешно време на голем технолошки напредок и високонапредени авионски навигациони и комуникациски системи, многу е мала веројатноста дека вакво нешто ќе се случи. Сепак има различни сценарија, имам впечаток деказа сето тоа се создава неоправдано нејасна слика, но во воздухопловството како едне уреден систем постојат процедури за апсолутно секој сегмент и случување. Сепак секој случај е индивидуален. Мистерии во воздухопловството нема, тоа е егзактна наука.

По исчезнувањето на авионот, набргу се случи соборување на друг авион од истата компанија. Дали се работи за коициденција или системско уривање на компанијата „Малезија ерлајнс“?

– Ова не би го коментирал прецизно, коинциденција или системско уривање, веројатно е можно и едното и другото. Од друга страна, седната сила во секое општество е задолжена за се’, покрај официјалните служби, се занимава и со истражувачка работа. Економската, политичката и геостратешката, се насоки за одговор, но и проверени извори, па ете повод за истражувачко новинарство.

Што, според ваше мислење би можело да се случи со авионот на летот МХ 370, и тој да исчезне на ваков начин?

– Врз основа на досегашното искуство не располагам со информации за вакви или слични случаи. Би повторил дека денска е можно во секој момент да се знае каде се наоѓа авионот. Многу е необично да не постои информација дека добиле сигнал од „ELT“ системот кој има задача да праќа сигнал за положбата на авионот, како и „адресата“ на авионот во случај на пад. Исто така, немаше прецизни податоци за тоа дали уредот „ULB“ пратил ултрасоничен сигнал во случај авионот да паднал во море. Инаку, „ULB“ се наоѓа во т.н. црна кутија, која бележи голем број авионски параметри, со чија анализа може да се заклучи што довело до несреќата. Не заборавајте дека црната кутија освен тоа што издржува голем притисок, доколку се најде на голема длабочина во море или океан, има и голема отпорност на високи температури и издржува 1,100 целзијусови степени. Оваа кутија може да издржи пад  од голема висина, односно може да издржи оптоварување од 3.600G. Исто така, имајќи предви дека авионот за кој зборуваме е составен од 30 отсто композитен материјал (не метален материјал) и дека завршил во вода, некој дел би испливал. И покрај се’, неопходно е да се почека извештајот од официјаната истрага, а областа која е во фокус по некои последни сознанија е проширена и сигурно ќе има валиден одговор.

Дали сметате и понатаму дека авионите се најбезбедно превозно средство?

– Да ги отфрлиме сомнежите, да се насочиме кон најчестиот вид на превоз, автомобилите. Колку луѓе поради неприлагодена брзина и услови, како и несоодветни обуки, неодговорно однесување на возачите, секодневно се губат животи во сообраќајни незгоди. ­?! Сепак и понатаму, луѓето се возат со автомобили и не го поставуваат прашањето за безбедноста.

JAT-Tehnika01

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.