Свет

Дојавата за бомба во авионот кој принудно слета во Полска е лажна

Дојавата за бомба во авионот кој принудно слета во Полска е лажна
Дојавата за бомба во авионот кој принудно слета во Полска е лажна

Телефонското предупредување за поставена бомба во патнички авион на авиокомпанијата „Рајанер“, кој беше принуден да слета под зајакнати безбедносни мерки на аеродромот „Модлин“ во близина на Варшава е лажно.

Екипи за деактивирање на експлозивни направи при извршениот претрес на авионот и багажот не откриле никаква експлозивна направа.

Портпаролот на аеродромот, Магдалена Бојарска изјави дека авионот, со кој патувале 160 лица и сообраќал на релација Осло-Варшава, слетал без проблеми, а сите патници биле веднаш евакуирани.

Утврден е идентитетот на лицето кое го направило лажниот повик, по што овој 46-годишен маж е уапсен.