Авион исчезна во околината на Скопје

Авион со приватен комерцијален лет исчезнал од радарот во близина на скопскиот аеродром. Станува збор за авион кој се обраќал од Дубровник и исчезнал во близина на Скопје.

Екипите на МВР се на терен и го бараат авионот.

Во 17:44 часот дежурниот од ДОЦ на РЦ – Север пријавил дека од Контрола на летање примиле повик, дека комерцијален авион со 6 патници им се изгубил од радарот.

Како што дознава Курир, се работи за авион марка “Пајпер“ со германски национални ознаки кој летал од Италија од Тревизо и требал да слета на аеродромот во Скопје да танкира гориво.

Сигналот од радарот се изгубил во 17:35 часот на локација од аеродром “Александар Велики“ 10 км во правец према Велес.