Авион со македонски патници за 5 минути се спаси од нападот во Истанбул

Авион што полетал од Македонија за Турција на компанијата „Туркиш Ерлајнс“  за речиси 5 минути успеал да се спаси од нападот на турскиот аеродром.

Имено авионот на редовна линија за Турција се наоѓал на само пет минути пред слетување на аеродромот, непосредно пред нападот што го потресе светот.

Во моментов летот е пренасочен и истиот можете да го следите ТУКА.

Сите летови на меѓународниот аеродром “Ататурк” во Истанбул се прекинати по самоубиствениот напад во кој загинаа најмалку 28 лица, а ранети се над 20.