Авион на „Луфтханза“ принудно слета во Франкфурт

Поради проблем со моторот, авион на „Луфтханза“ бил принуден да се врати во Франкфурт, соопшти германската авиокомпанија.

Авионот со 276 патници летал од Франкфурт, Германија за Атланта во САД, а поради дефектот се вратил на аеродромот од кој полетал.