Свет

Авион на „Малезија ерлајнс“ принудно слета во Мелбурн

Авион на „Малезија ерлајнс“ принудно слета во Мелбурн

Патничкиот авион на „Малезија ерлајнс“ денес принудно слета на аеродромот во Мелбурн, откако претходно се запали еден од моторите, објаби српски „Блиц“, повикувајќи се на АП.

Портпаролката на ааеродромот Ана Џилет соопшти дека авионот, кој летал од Мелбурн во Куала Лумпур слетал без проблем и никој не е повреден.

Таа неможела да ги потврди наводите на дел од медиумите дека авионот се вратил во Мелбурн затоа што се запалил моторот.

„Скај њуз“ соопштува дека авионот исфрлал гориво пред слетувањето.

Според наводите во локалните медиуми во авионот имало околу 300 патници.

Компанијата „Малезија ерлајнс“ минатата година во несреќи загуби два авиони.