Авион на „Туркиш ерлајнс“ принудно слета во Нирнберг

Авион на компанијата „Туркиш ерлајнс“ денес принудно слета на аеродромот во германскиот град Нирнберг, поради тоа што пукнал прозорец во пилотската кабина.

Портпаролот на турската компанија соопшти дека авионот летал од Дизелдорф до Истанбул и дека слетал во 7. 58 часот во Нирнберг.

Патниците се евакуирани од авионот и префрлени на терминалот, каде го очекуваат следниот лет.

Во моментов се прави техничка проверка на авионот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.