Авион на „Туркиш ерлајнс“ вратен поради закана од бомба

Портпаролот на турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ денеска изјави дека на авион од нивната компанија кој летал кон швајцарскиот град Базел му било наложено да се врати во Истанбул поради закана од бомба.

– Боинг 738 во кој се наоѓаа 151 патник и членови на екипажот безбедно слета на аеродромот во Истанбул, ја пренесува Танјуг изјавата на потпаролот.

Авионот е одведен на безбедно место на аеродромот Атататурк, а деминери почнаа со претрага по евтуалната бомба.

На лист хартија пронајден во авионот било напишано „има бомба“. Тоа е уште еден во серијата инциденти со бомбашки закани во авиони на Туркиш ерлајнс во последните месеци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.