Македонија

Авион на „Визер“ полетал од Париз без патниците од Македонија

Авион на „Визер“ полетал од Париз без патниците од Македонија

Голгота на Македонски патници во Париз – наместо во хотел, спиеле на под во спортска сала, објави Канал 5.

Голготата започнала кога поради снежното невреме авионот на компанијата „Визер“ полетал без патниците. Наместо во хотел, авио команијата ги сместила во спортска сала. Патниците револтирани, за Канал 5 сведочат дрските аеродромски службеници само кратко им одговориле  – тужете го времето, снаоѓајте се сами.

Сместување на товар на компанијата Виз ер македонските патници добиле само една ноќ. Следниот лет е во сабота. До тогаш единствената понуда од авиопревозникот „Визер“  била – снајдете се како знаете и умеете.

40 те патници задоцниле на летот поради потешкотии во сообраќајот. Автобусот на релација Париз – аеродром Буве наместо час и половина, патувал 5 часа… Авионот неколкупати го одложувал летот, но само што стасале во аеродромската зграда, тој полетал. Бидејќи било речиси полноќ патниците немале енергија да се убедуваат и ја прифатиле непристојната понуда за преспивање во вреќи, на подот во спортска сала.

Канал 5 ја контактираше македонската агенција за цивилно воздухопловство, од таму  велат дека според  Мултилатералната спогодба за формирање Европска заедничка воздухопловна област,   за заштита на правата, обесштетување и помош  во ваков  случај,  патниците имаат обврска да стапат  во контакт со Националното тело на таа земја – во случајов да ја информираат Агенцијата за воздухопловство  на Франција.

Со поднесување на преставката која што ја има и на страницата на Агенцијата  и во англиска верзија да го  пополнат Формуларот за жалба до авиопревозникот. Македонските патници најрано можат во сабота да стгнат во Скопје, со најавениот лет на компанијата Визер.