ВИДЕО: Се урна авион на Алјаска, девет загинати

ВИДЕО: Се урна авион на Алјаска, девет загинати

Осум патници и пилот загинаа при уривање на авион над езерото Ела во Алјаска.

Смртта на сите патници во авионот е официјално потврдена, а тешкото време го отежнува извлекувањето на телата.

Причините за уривањето на авионот  “DeHavilland DHC-3 Otter” засега се непознати.

Осумте патници биле гости на крузерот „Вестердам“ кој застанал на Алјаска.