Авион принудно слета на аеродромот во Санкт Петерсбург

Aвион од типот Боинг 737, кој полетал од московскиот аеродром Внуково, принудно слета во Санкт Петерсбург откако еден од моторите престанал да работи, јави ТАСС.

Авионот се приземји околу 12.35 часот по московско време, а ниту еден од патниците не е повреден.

– Авионот се приземји на рутински налин. Леталото не претрпе штети и ниту еден патник не е повреден, јавуваат од аердромот за ТАСС.

Инаку, во авионот се превезувале 73 патници и 6 членови на екипажот.

фото: TASS