Авион принудно слета во Ирска поради закана за бомба

Боинг-777 на компанијата „Туркиш ерлајнс” кој леташе од Хјустон за Истанбул, мораше принудно да слета на аеродромот во ирскиот град Шенон поради добиена закана од експлозија на авионот, јави ТАСС, повикувајќи се на интернет порталот „Ерлајв”.

Во авионот бил пронајден сомнителен предмет. Детали за инцидентот засега не се објавени.