Авион се урна во езеро, патниците се спасиле со падобран

Авион се урна денеска во езерото Таупо на Нов Зеланд. Сите 13 патници и членови на екипажот успеале безбедно да се спуштат со падобран од малиот авион пред истиот да се урне во езерото.

Шест патници се наоѓале во авионот, кој ги водел на излет над езерото Таупо, кога е воочен пробем со моторот на леталото.

Портпаролот на Агенцијата за цивилнен авиосообраќај Мајк Ричардс изјави дека е чудо што никој не настрадал во несреќата.

Градоначаникот на Таупа Дејвид Превејвс изјави дека авионот загубил контрола околу 1.300 метри над земјата и оти пилотот ги повикал патниците да се евакуираат, по што тој и шестте членови на екипажот, заедно со шестте патници скокнале од леталото со падобран.

Во тек е истрага за причините за нереќата.