Авион се урна во трговски центар во Мелбурн (ВИДЕО)

Мал авион се урна врз шопинг центар во Мелбурн при што загинаа пет луѓе. За среќа, центарот бил затворен во моментот на несреќата и во него немало никој.

Загинале пилотот на авионот и четворица американски туристи, јавуваат австралиските медиуми кои откриваат и дека пилотот пред падот испратил повик за помош.

Туристите биле на „патувањето на животот“, изјавила сестрата на едниот од нив, а во групата бил и пензиониран агент на ФБИ. Со нив во Австралија биле и сопругите, кои во истото време биле на друг излет.

Авионот поради дефект на моторот се урнал во трговскиот центар во близина на аеродромот Есендон, информира претставникот на австралиската полиција Стивен Лиен, а сведоците изјавиле дека авионот експлодирал при ударот

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.