четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 10

Мал авион се урна врз комбе со патници, петмина загинати

avion-brazil

Последни вести

Најмалку пет лица загинаа, а уште петмина се ранети, откако мал авион се урна врз комбе со патници во јужниот дел на Бразил, информира агенцијата Ксинхуа, пренесува МИА.

Инцидентот се случил во градот Лондрина, додека авионот изведувал земјоделски работи, односно вршел прскање на полиња со пченка.

Авионот почнал да губи височина и се срушил врз комбе кое превезувало работници кои што работеле на автопатот во близина. Во несреќата пет лица се повредени, од кои тројца потешко.

 

Најчитани вести