Авион се урна врз супермаркет „Лидл“ во Португалија

Мал патнички авион се урна врз супермаркет Лидл во Португалија, соопштија локалните власти.

Според западните медиуми, со авионот летале 4 лица кои загинале откако авионот експлодирал во воздух, пред да се урне.

Инцидентот се случил на околу 20 километри од Лисабон.

Неколку автомобили во близината на супермаркетот биле зафатени со пожар кој го зафати Лидл по падот на леталото.

Авионот се урнал на само 150 метри од локално училиште.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.