Авионите на „Туркиш ерлајнс“ нема да летаат до 5-ти јули

Турската национална авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ времено ги прекина летовите, по синиќешните напади во Истанбул во кои загинаа 36 лица, а 147 се повредени.

Како што пренесува МИА, националниот турски авиопревозник соопштил дека сите резервации за летовите од и до аеродромот „Ататурк“ во Истанбул меѓу 28 јуни и 5 јули 2016 година ќе бидат презакажани или патниците можат да си ги побараат парите доколку сакаат до 31 јули.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.