Авионот со кој патувал Ди Каприо за Русија ќе се урнел!?

Авионот со кој патувал Ди Каприо за Русија ќе се урнел!?
Авионот со кој патувал Ди Каприо за Русија ќе се урнел!?
Леонардо ди Каприо гостуваше во шоуто на Елен Деџенерис каде што главна тема беше неговиот најнов филм „The Revenant“, за која улога сите очекуваат (конечно) да добие Оскар.

Покрај улогата и снимањето на филмот, тие зборуваа и за најголемите стравови на актерот, па така Елен го праша која е најстрашната работа која му се случила до сега?

-Со авион патував за Русија кога наеднаш моторот експлодира. Гледав низ прозорот кога забележав како целиот мотор е во пламен. Двата мотори се запалија, а јас бев единствениот од патниците кој со свои очи го виде тоа. Изгледаше како огромна огнена топка. Во авионот сите беа Руси, јас се чувствував како да сум умрел и како да сум веќе во рајот бидејќи никој не проговори ни збор бидејќи, а јас врескав со сета сила „Што се случува!!!!“, објаснува Ди Каприо.

И покрај тоа што и двата мотори на авионот со кој патувал актерот се запалиле, тој слетал безбедно.