Авионот кој со часови кружеше над Белград не бил патнички

Авион на Агенцијата за контрола на летање преку три часа кружел над Белград. Сепак не се работи за никаков проблем, туку за авион кој работи на калибрација на уредите. Станува збор за летало „Бич 300 Супер Кинг Еар 350“, објави српски „Блиц“.

Во Агенцијата за контрола на летањето кажано е дека состојбата во воздушниот сообраќај е редовна и нема никакви проблеми. Оттаму нагласуваат дека не станува збор за патнички авион.

Авионот летал на висина од 710 метри и веќе не се наоѓа над Белград.