Авионот на „Џерманвингс“ долго време губел висина

Директорот на авиокомпанијата „Џермангвингс“, Томас Винкелман изјави дека авионот „Ербас“ одредено време губел висина пред да се урнe во француските Алпи, при што најверојатно загинале сите 150 луѓе, од кои 144 патници и шест членови на екипажот, пренесува МИА.

Тој посочи дека авионот почнал да губи висина откако полетал од аеродормор во Барселона. Падот траел осум минути, а исчезнал од радарите во 10 часот и 53 минути.

Винкелман наведе дека пилотот на авионот имал 10-годишно искуство. Авионот „Ербас А320“ бил произведен во 1991 година и имал 46.700 летови и вкупно 58.300 часа лет.

Според „Џермангвингс“ на листата на патници имало и две бебиња. Локалните медиуми известија и дека меѓу патниците имало 16 ученици кои биле на екскурзија. Во авионот 67 од патниците се Германци, додека 39 се Турци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.