Свет

Авионот на „Џерманвингс“ не бил мета на терористички напад

Авионот на „Џерманвингс“ не бил мета на терористички напад

Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казенев изјави денеска дека истражителите ги разгледуваат сите можности за причините за авонската несреќа на југот на Франција, но ја исклучи можноста за терористички напад.

-Остатоците од авионот се простираат на еден и пол хектар, што укажува на тоа дека авионот очигледно не експлодирал во воздух. Теоријата за терористичкиот напад не е теорија на која се фокусираме, изјавил Казенев за француското радиот РТЛ, пренесува Танјуг.

Сепак, министерот винаметлно додаде дека „сите теории мора внимателно да бидат испитани додека не се добијат резултатите од истрагата“.

Францускиот државен секретар за сообраќај Ален Видали потврди дека е започната работата на репродуцирање на виталните податоци од пилотската кабина.

Ројтерс јавува дека денеска истрагажителите од француската цивилна авијација ќе одржат прес – конференција денес попладне.