Авионот на „Ер Алжери“ ловиран во северниот дел на Мали

Авионот на „Ер Алжери“ кој вчера се урна со најмалку 116 патници и членови на екипажот, е лоциран во реонот Госи во Северно Мали, во близина на границата со Буркина Фасо, соопшти Елисејската палата.

„Авионот е јасно идентификуван и покрај тоа што се распаднал. На местото на  несреќата се испратени француски војници кои се задолжени за безбедноста и за собирање на првични информации“, се посочува во соопштението.

Францускиот претседател Франсоа Оланд изрази сочувство до семејствата на загинатите.

Во авионот имало лица од 16 држави, вклучително и 51 Французин.