Авионот на „Ер Азија“ најверојатно се срушил поради лошите временски услови

Лошите временски услови и големата височина на која што летал авионот на „Ер Азија“ биле пресудни за несреќата, соопшти индонезиската метеоролошка агенција, пренесоа странските медиуми.

Веќе втора недела трае потрагата по телата и остатоците од авионот кој се сруши на 28 декември со 162 патници и членови на екипажот. На спасувачките тимови приоритет им е пронаоѓањето на црните кутии, кои се клучни во откривањето на причините за падот на авионот.

– Врз основа на расположливите податоци за последното место каде бил остварен контакт со авионот, метеоролошките услови биле пресудни за несреќата. Најверојатниот метеоролошки феномен бил мразот кој може да ги оштети моторите поради процесот на ладење. Се работи за можност, која се темели на анализата на постоечките метеоролошки прилики, соопштува Агенцијата.

Слабата видливост во морето ги попречи нуркачите да стасаат до еден поголем објект за кој се верува дека е дел од остатоците на авионот.

Досега се пронајдени 4 дела од авинот, а извлечено е 31 тело