Авионот на „Ер Азија“ не бил мета на терористички напад

На снимките од црната кутија на авионот на „Ер Азија“ кој се урна во Јаванското море, не се слушаат звуци од истрели или експлозија, поради што се исклучуваат можностите авионот да бил мета на терористички напад, велат индонезиските истражувачи, пренесува Си Ен Ен.

Црната кутија која ги снима звуците во кабината на пилотот беше пронајдена минатата недела во длабочините на Јаванското море, заедно со другата црна кутија која ги снима податоците за летот.

– Звуците од кабината на пилотот не покажуваат никакви знаци на терористички напад. Се слуша само пилотот, кој звучи доста зафатено, вели Андреас Ханато, истражувач на Националниот комитет за безбедност во сообраќајот на Индонезија.

Засега останува мистерија како авионот заврши во Јаванското море на 28-ми декември.

Авионот летал низ област во која имало голема бура. Пред да изгуби контакт, пилотот побарал да се искачи на поголема висина за да го избегне невремето.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.