Авионот на „Ер Азија“ немал дозвола за летање

Властите во Индонезија воведоа времена забрана за авиопревозникот „Ер Азија“ на линијата на која се сруши малезискиот авион на 28-ми декември. Ова стои во соопштението на индонезиските власти за цивилно воздухопловство, објави ТАСС.

„До крајот на истрагата пристапот на линијата Сурбаја – Сингапур ќе биде привремено ограничен за Ер Азија“, се вели во документот.

Индонезиските власти го преземаат овој чекор, затоа што авиокомпанијата направила прекршок. Имано, тие имаат дозвола до собраќаат на оваа линија во вторник, четврток и сабота, а несреќата се случи во недела.

Авиокомпанијата досега не поднела барање за промена на распоредот на летови.

Според последните известувања, спасувачите досега пронашле 30-тина тела. Во меѓувреме, лошите временски услови ја попречуваат истрагата, а нуркачкиот тим не може да продолжи со потрагата поради големите бранови.

Засега не се најдени ниту црните кутии на авионот.