Авионот на Клинтон принудно слетал во Танзанија

Авионот со кој патувал поранешниот американски претседател Бил Клинтон принудно слетал поради проблеми со моторот за време на летот над Танзанија, соопшти синоќа неговиот портпарол Мет Мекен, објави МИА.

Мекен потврди дека имало проблем со еден од четирите мотори на авионот „Даш-7“, што брзо е отстранет и летот е продолжен. Авионот слетал на аеродромот во танзанискиот главен град Додома.

Според Мекен авионот на Клинтон бил на поправка помалку од 45 минути по што го продолжил летот, јави американската телевизија Си-Би-Ес.

Клинтон престојуваше во Танзанија поради проект предводен од неговата семејна фондација, а во план е посета на Кенија, Либерија и Мароко.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.