Авионот на Луфтханза пратил предупредувачки сигнал 35 минути пред да се урне

Пилотот на авионот на Луфтханза кој леташе на релација Барселона Дизелдорф испратил предупредувачки сигнал околу 35 минути пред да се урне во француските Алпи, пишуваат британските медиуми.

Се претпоставува дека во авионската несреќа која се случила околу 160 километри северно од Ница животите ги загубиле сите 142 патници и 6 – те членови на екипажот.

A320germanwings

Авионот исчезна од радарот околу 10.47 часот по локално време, 46 минути откако полета од Барселона. Според француските власти остатоци од авионот биле пронајдени на 2.961 метри високиот масив Естроп.

Претседателот на Франција Франсоа Оланд и премиерот Мануел Валс изјавија дека стравуваат дека сите патници ги загубиле животите.

Инаку ова е прва авионска несреќа во цивилното воздухопловство во Франција, по несреќата со Конкордот во близината на Париз во 2000 година.