Авионите почнаа да се пробиваат низ скопската магла

Авионот на „Туркиш ерлајнс“ денеска околу пладне слета на скопскиот аеродром „Александар Велики“ од Истанбул и покрај тешките временски услови во Петровец.

Според информациите од аеродромот, авионот слетал 11,39 часот. Претходно два лета од Виена на авиокомпаниите „Луфтханза“ и „Аустриан Ерлајнс“ беа пренасочени кон аеродромот во Софија поради густата магла во Скопје.

Попладнево беа реализирани и две полетувања. Во 12,55 часот полета авионот на „Германиа флуггелелшафт“ кон Дизелдорф и на „Туркиш ерлајнс“ кон Истанбул со доцнење од околу 15 минути.