Авионот Задар-Осло доцнел поради пијан Швеѓанец

Полицијата во Задар морала да интервернира и од авион на компанијата „Рајан ер“ да изнесе пијан Швеѓанец кој при полетување правел неред, па претставува опасност за летот, пишува Слободна Далмација.

Полицајците пристигнале поради загриженост на персоналот кон не успеал да го смири пијаниот Швеѓанец кој бил насилен и груб спрема екипажот на авионот и патниците на летот за Осло.

Од задарската полиција изјавиле дека на патникот не му било овозможено да лета, бидејќи му биле измерени 1,6 промили алкохол во крвта.

По една ноќ помината зад решетки, бил одведен кај прекршочен судија каде што му ила изречена парична казна поради нарушување на јавниот ред и мир.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.