Авионска дезинсекција на поплавените подрачја

Авионска дезинсекција на поплавените подрачја
Авионска дезинсекција на поплавените подрачја

Авионска дезинсекција се изврши утринава на подрачјата на девет центри за јавно здравје и тоа во Куманово, Тетово, Битола, Прилеп, Охрид, Кочани, Струмица, Штип, Велес, со посебен акцент на оние кои беа зафатени со поплавите.

Министерството за здравство апелираше лицата кои чуваат пчели навремено да ги преземат потребните мерки за нивна заштита и да не ги пуштаат надвор во наредните три до четири часа по прскањето.

Согласно Акцискиот план за спречување појава и ширење на вектор преносливи болести (со посебен акцент на комарци и крлежи), секоја година, почнувајќи од март до септември се преземаат активности за авионска дезинсекција на јавни површини и сите општини континуирано спроведуваат дезинсекција на своите подрачја.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.