Авионски несреќи во изминативе петнаесет години

Авионот „Ербас А320“ на германската компанија Џерман вингс“, во сопственост на групацијата „Луфтханза’, кој леташе од Барселона за Диселдорф, денеска се урна во француските Алпи, на околу 100 километри северно од Ница. Во авионот имаше 144 патници и шест членови на екипажот.

Најголема несреќа во историјата на авијацијата се случи 1977 година на Тенерифе, кога загинаа 583 патници.

Според црниот биланс следи несреќата од 1985 година, кога јапонски авион удри во планината Фуџи, при што загинаа 520 лица.

Хронологија на големи несреќи во воздушниот сообраќај во последните 15 години:

28 декември 2014 – Авион на малезиската компанија „Ер Азија“ исчезна со 162 патници и членови на екипажот од радарите над Јаванско Море. Авионот полета од индонезискиот град Сарабај за Сингапур.

24 јули 2014 – Се урна авион на „Ер Алжир“ со 118 патници и членови на екипажот. Остатоците од леталото пронајдени се на 50 километри северно од границата на Мали со Буркина Фасо, во регионот Госи.

23 јули 2014 – Авион на тајванската авиокомпанија „Трансејжа ерлајнс“ се урна при слетување на архипелагот Пенга, при што загинаа најмалку 50 патници и членови на екипажот.

17 јули 2014 – Авион на „Малезија ерланз“, „Боинг 777“ соборен е над Источна Украина, на летот Амстердам – Куала Лумпур. Загинаа 298 патници и членови на екипажот.

8 март 2014 – Авионот „Боинг 777“ на „Малезија ерланз“ исчезна по полетувањето од Куала Лумпур за Пекинг, со 239 патници и членови на екипажот и до денес не се пронајдени остатоците.

30 ноември 2012 – Поради бура при слетување се урна авион во Вразавил, Конго, при што загинаа 32 луѓе. Авионот излета од пистата и удри во блиските куќи, при што беа повредени уште дваесетина лица.

19 август 2013 – Судански авион кој леташе кон Јужен Кордофан поради невреме удри во брегот кај Талоди при што загинаа 31 човек, меѓу кои и актуелен министер.

3 јуни 2012 – Авион на нигериската компанија „Дана ер“ кој леташе од Абуџа за Лагос удри во двокатна зграда во предградие на Лагос. Во несреќата загинаа 147 патници и членови на екипажот.

9 мај 2012 – При пад на руски патнички авион од типот „Сухој“ над Западна Јава загинаа 50 луѓе. Новиот модел на патничкиот авион „Сухој – суперџет 100“ беше на промотивна турнеја.

20 април 2012 – Во несреќата на пакистанскиот „Боинг 737“ што се урна во близина на Исламабад загинаа 127 патници и членови на екипажот.

7 септември 2011 – При уривање на авионот од типот „Јак-42“ во близина на Јарослављ зафинаа 43 луѓе.

26 јули 2011 – Марокански воен транспортен авион удри во планина, околу 800 километри јужно до Рабат, при што загинаа 78 лица.

28 јули 2010 – Авион на пакистанската компанија „Ерблу“ со 152 патници и членови на екипажот, кој соображаше од Карачи за Исламабад се урна во близина на главниот град на Пакистан.ж

12 мај 2010 – Авион на „Африкија ервејз“ кој леташе од Јохенесбург, Јужна Африка, за Триполи, Либија се урна во близина на автопат. Во несреќата загинаа 103 луѓе.

10 април 2010 – При пад на авион во близина на Смоленск загинаа 96 патници, меѓу кои и полскиот претседател Лех Качински.

15 јули 2009 – Сите 153 патници и 16 членови на екипажот загинаа кога авион на компанијата „Каспијан ерланз“, кој леташе од Техеран за Ереван се урна во близина на градот Казвин.

30 јуни 2009 – Ерменски авион со 142 патници и 11 членови на екипажот се урна во Индиски Океан во близина на Коморски Острови. Само едно лице ја преживеа авионската несреќа.

1 јуни 2009 – При пад на француски авион во Атлантскиот Океан загинаа 176 патници и членови на екипажот.

20 август 2008 – Во авионска несреќа на аеродромот во Мадрид загинаа 153 луѓе, а 19 беа повредени.

18 јули 2007 – Сите 186 патници и членови на екипажот загинаа на аеродромот Сао Паоло, кога авионот излета од писта.

20 септември 2006 – Авион „Боинг 737“ на бразилска авиокомпанија исчзена над прашумите во Амазонија, при што загинаа 155 патници и членови на екипажот.

Август 2006 – Се урна авион ТУ-154 на компанијата „Пулково ерлајнс“ во Украина при што загинаа 170 луѓе.

9 јули 2006 – На аеродромот во Иркутск, авион излета од пистата, удри во бетонски ѕид и се запали. Загинаа 131 луѓе, а 74 преживеаја.

19 февруари 2003 – При пад на авион на иранското воено воздухопловство загинаа 275 луѓе.

12 ноември 2001 – При уривање на авион во предградието Квин – Њујорк загинаа 265 луѓе.