АВМУ е збирштина на нереализирани политичари

Почитувани Ваши Екселенции,

Ви се обраќам токму Вам со една и единствена причина. Добар дел на медиумски работници бараат да престане функционирањето на АВМУ со членови и директор  кои се политички поставени, поради огромниот број на грешки кои ги направија во радиодифузијата. Единствена светла точка е претставникот на ЗНМ. Патем да Ве известам цело време тврдат дека имаат безусловна подршка од целата Европска Унија.

Затоа решивме да Ве информираме. Ова е почеток. Да објаснам.

Зборот интелектуалец го експлоатираат исклучиво луѓе кои се неизреализирани и на кои им фали почит и општествена позиција. На пример: Ако беа интелетуалци и експерти во АВМУ веднаш ќе имаше реакција за скриено рекламирање на забранета супстанца на еден медиум. Ви тврдам дека сите виделе, бидејки се политичари во душа и тело, ама не разбираат што треба да превземат. Патем забранетата супстанца има пет златни правила за рекламирање и во маркетинг буџетот ќе биде повеќе од добродојдена. Казната е голема, а јас нема да бидам на ниво на кодош (лице кое од злоба насочува и лични пријатели за ситна заработувачка).

Мојот личен принцип е следен: Ќе го цитирам почитуваниот главен диригент на Македонската Филхармонија Борјан Цанев за бесплатниот неделник Скопско Ехо:  Да можам би ја одзел сета злоба, простотија и некултура од Скопје, а јас ќе додадам и од Медиумите во Македонија.

Дејствувањето на АВМУ во најмала рака ги донесе моралот и етиката на најниско човеково достоинство кое сака да работи и создава во радиодифузијата. Ќе Ви наведам најмалку 5 (пет) причини. Ова се само 5 проценти од причините.

Однапред Ви се извинувам на можниот и реален недипломатски речник.

Прва и Втора причина
2012 година беше година на дигитализација. Во најпрост превод дигитализацијата значи менување на антените за дистрибуција на терестријален ТВ сигнал. Нашите регулатори во духот на неисполнување на законските можности ги премолечеа следниве две недоследности и нечовечки задкулисно го обвинија тогашниот Претседател на Владата на Република Македонија дека им дал наредби и лично им наштетија директно на ОНЕ Словенечки Телеком, денешен ОНЕ.ВИП.

Прва причина
Не дозволија за создавање на супер терестријални региони како пример: Охридско-Битолски, Куманово-Штип- Струмица и Тетово-Дебар-Кичево. Изговорот беше национално координирани фреквенции со соседните држави. Прашање: Како тогаш беше разделен регионот Скопје-Кавадарци, кој беше непроменлив?

Втора причина
Во законските можности идеологот на чело на Министерството за Информатичко општество и Администрација вметна, а АВМУ наменски си премолчи, дека терестријалните ТВ станици можат слободно да го сменат начинот на пренос, од терестријален во кабелски, на својата програма под изговор на Европски Директиви и Глобализација. Да бидам попрецизен. Кога сте терестријален медиум таков се раѓате таков и згаснувате.  За да го промените сигналот, ја згаснувате фирмата и таа оди под стечај и ликвидација. Техничката опрема ја продавате на друга фирма и за тоа плаќате данок. Не постои автоматизам. Напомена: Најголем губитник е ОНЕ Словенечки Телеком бидејки бизнис планот за инвестицијата наеднаш не соодејствуваше со реалната слика пред да се донесе законското решение. Јас имам прашање: Дали тоа има врска со претседателот на Собрание на Акционери од Македонски Телеком, кој работи во АВМУ под иницијалите З.Т.?

Трета причина
Сигурно сте слушнале за регионалниот балкански спортски канал Арена Спорт кој се реемитува исклучиво на платформата на Македонски Телеком. Со енормното зголемување на претплатници добивате Оператор на пазарна моќ. Нашите интелектуалци од АВМУ мудро си молчат. Дали слушнавте иницијатива или дали добивте проект бар за заедничка конференција со Комисијата за Заштита на Конкуренција на тема: Заштита од корупција  од телекомуникациски услуги до краен потрошувач? Јас имам прашање: Дали тоа има врска со претседателот на Собрание на Акционери од Македонски Телеком, кој работи во АВМУ под иницијалите З.Т.?

Четврта причина
Да Ве потсетам Ваши Екселенции дека лицето З.Т. своевремено беше Организациски Секретар на ВМРО-ДПМНЕ и Претседавач на Советот на Општина Аеродром од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Се извинувам и претседател на Комисијата за Телекомуникации.  Поради неговото назначување во денешната АВМУ некогашниот Претседател на Владата на Република Македонија доби многу повеке од критики за неговото менаџирање со нашата држава посебно во делот на медиумите. Тоа придонесе за создавање на Ад Хок тело во самата АВМУ. Ад Хок телото  во АВМУ кое под притисок на одредени Екселенции беше договорено во Пржино е најголемиот срам за медиумската индустрија. Едноставно тоа е како на брачен пар да им наметнеш едномесечен другар кој ќе ги исполнува  брачните интимни моменти, а еден  да се сложи. И понатаму да се однесуваш како да ништо не се случило. Тоа е нивото од АВМУ на разбирање и перципирање на зборовите етика и морал.

Петта причина
Одземањето на лиценцата на некогашната опозициона ТВ станица национално сателитската ТВ А2 е најголем срам за АВМУ. Таму нема политичка нарачка. Тоа е независна одлука на самата агенција под водство на лицето З.Т. и за тоа ќе си ја сносат целата одговорност. Како напомена лично напишав 3(три) лиценци за национални сателитски ТВ станици и верувајте многу добро ги знам законските правила. Меѓутоа да не ја заборавиме и сегашната Влада на Република Македонија под водство на Зоран Заев која во своите правила на политичка игра наметна Слобода на Медиумите. Вие судете дали е тоа така по следниве примери.

Како волонтер советник на сопственикот на кабловската ТВ Нова се соочив со три проблеми од моменталната политичка номенклатура.

Прво
Обвинителот на СЈО јавно преку медиумите му пресуди на сопственикот на ТВ Нова без да ја дочека судската разрешница. Како внук на судија кој судел на смрт или слобода во далечната 1945 година јасно распознавам Судија од Обвинител и нивните права и обврски. Владата на Република Македонија не повика на презумција на невиност.

Второ
Во изминатиов период на лице вработено на позиција новинар/ка добив информација дека лице со сериозни конекции на сегашната Власт дало непристоен предлог. Да вработеното лице ја напушти ТВ Нова, ќе биде финансирано од Владата во наредните месеци, а подоцна да му биде овозможен продукциски проект кој би бил финансиски исплатлив. Искрено се мислевме со лицето новинар/ка да организираме комплетно да го имитираме случајот Зоран Талер. Да го озвучам вработениот и да организирам камерман и техничко лице кое ќе овозможи да ја прекинеме програмата со директното вклучување во нашата програма на понуда за корупција и нарушување на принципот на слобода на медиумот. Патем понудувачот се пофалил дека ги монтирал и снимките од Бомбите.

Реков не. Од две принципиелни причини:
Злоупотребено е името на Министер од Владата за кој одговорно тврдам дека незнае за оваков сплет на настани. Зошто е нормален човечен човек со родум од Лазаропол. Од приватни причини за заштита на три грандиозни женски личности. Во Македонија важи правило кога ќе дадеш честит збор: На отворено поле и да ставиш врата, пак ќе дува.

Трето
Едно прашање. Зошто поголемиот дел од колегите ми велат дека кога разговараат со мене си го слушаат сопствениот разговор како ехо со задоцнување. И зошто во континуитет на двата телефонски броја ми се случуваше да добивам повици од непознат број во доцните часови и да молчи на вклучен разговор. И зошто прекинаа кога информирав еден претставник на моменталната власт.

Затоа мора да запамтите дека некои личности во оваа држава се направени од памук, некои од месинг или некои од посебен челик. Јас сум во последниот дел. Немам намера да потклекнувам. Ќе Ве информирам сите како некои мои колеги и јас лично ја гледаме медиумската индустрија. Имаме право да работиме, живееме и да се гордееме со тоа што сме го направиле во медиумите.

На крај. Кога ќе Ве посетат нашите експерти кои ќе пробаат да не симнат на некое ниво што они си го замислиле, за да не се мачите да истражувате сам ќе Ви предочам.Јас и моте колеги ги немаме следниве пороци: дрога, лопови, коцка и кодоши за полиција, а и не сме хомосексуалци(тоа е сексуална орентација, не е порок), све друго што можете да замислите е во игра со нашите животи.

Автор: Виктор Грозданов