14.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

АВМУ ги осудува заканите упатени кон претседателот на новинарската асоцијација

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) најостро ги осудува заканите упатени кон претседателот на Здружението на новинарите, Насер Селмани.

Заканите и нападите врз новинарите се апсолутно неприфатливи и претставуваат поткопување на демократијата и на правото на јавноста за објективно и професионално информирање. Ваквите појави придонесуваат за слабеење на слободата на медиумите и на нивната способност за слободно и независно известување, се вели во соопштението на АВМУ.

Агенцијата апелира да им се овозможи на новинарите непречено да ја вршат својата работа, ослободени од какви било закани и притисоци.

Селмани добил заканувачка порака на Фејсбук од братот на Бекир Асани, Бејтула Асани, откако претседателот на ЗНМ на својот профил напишал дека правната држава клекна пред еден силеџија, за случајот со пајакот и полицајката