Аврамопулос: Косово набрзо ќе добие визна либерализација

Комесарот на ЕУ за миграција, внатрешни работи и државјанство Димитрис Аврамопулос рече денеска за време на посетата на Приштина дека не е далеку денот кога Косово ќе добие визна либерализација за своите граѓани, пренесува МИА.

Аврамопулос во Приштина имаше средби со претседателката Атифете Јахјага, премиерот Иса Мустафа и министри.

На заедничка прес конференција Аврамопулос изјави дека очекува косовските институции да продолжат со борба против корупцијата и да направат конкретни реформи за да може државата да добие визна либерализација.

Министерот за европски интеграции Беким Чолаку изрази надеж дека до крајот на годината Косово ќе добие визна либерализација.